Гол за историја: Италијанскиот фудбал никогаш немал ваков голгетер во Серија А!

Лацио со 2:0 ја победи Бреша во меч кој имаше историско значење за италијанскиот фудбал. Чиро Имобиле, голгетерот на Лацио, постигна гол во 83-тата минута, што може да се каже дека е историски. Со тој погодок Имобиле стигна до 35 гола сезонава во Италија, подвиг кој никогаш не му успеал на ниту еден италијански фудбал.

Низ историјата на Серија А, само двапати претходно се случувало еден играч да има 35+ голови во една сезона. Аргентинецот Гонзало Игуаин е рекордер со 36 гола во сезоната 2015/16 во дресот на Наполи, додека во далечната 1949/50, во дресот на Милан, Швеѓанецот Гунар Нордал постигнал 35 голови.

Сега Имобиле е првиот италијански фудбалер со 35 погодоци во една сезона во Серија А. Голгетерот на Лацио ќе има шанса да го стигне или дури и да го надмине рекордот на Игуаин затоа што до крајот на сезоната има уште едно коло, во кое Лацио ќе гостува кај Наполи.

Освен рекордното постигнување во Серија А, Имобиле со денешниот гол се искачи на првото место во трката за Златната копачка во Европа. Имобиле го надмина Роберт Левандовски од Баерн Минхен, кој заврши со 34 голови. Единствен ривал на Имобиле сега останува Кристијано Роналдо од Јувентус.

 

- Оглас -

Најнови вести