27.8 C
Skopje
среда, 30 јули 2025

Гол за памтење и најубедлива победа на Манчестер јунајтед сезонава во Премиер лигата (видео)

Манчестер јунајтед убедливо со 3:0 славеше против Евертон во Ливерпул, во меч од 13. коло на англиската Премиер лига. Уште од самиот почеток беше најавено дека ова ќе биде спектакуларен дуел за гостите.

Помалку од три минути требаше за Црвените ѓаволи да поведеат со 1:0 и тоа благодарение на голот на Гарначо кој уште долго ќе се памти. Аргентинецот на атрактивен начин со ножички ја затресе мрежата на Пикфорд, што беше доволно за водство на гостите по првото полувреме.

Во вториот дел Маркус Рашфорд од пенал во 56 минута зголеми на 2:0 за гостите, а во 75 минута веќе беше 3:0 за Манчестер јунајтед кога Марсијал беше прецизен по додавањето на Бруно Фернандеш.

Со оваа победа Манчестер јунајтед сега има 24 бодови и е на шестото место на табелата, со само шест бодови помалку од лидерот Арсенал. Евертон кој беше казнет со одземање на 10 бода, сега остана на претпоследното место на табелата со само четири бодови.

- Оглас -

Најнови вести