Гол за победа постигнат од 60 метри (Видео)

Напредак во Крушевац со 2:1 го победи Младост и тоа со пресврт во второто полувреме. Гостите од Лучани поведоа со автоголот на Керкез во 40 минута, но не издржаа до крајот.

Домаќините израмнија во 56 минута, а на 15 минути пред крајот, Саша Марјановиќ погоди на спектакуларен начин од дури 60 метри.  Младост беше во напад, но гостите ја загубија топката на средината од теренот, а Марјановиќ забележа дека голманот на гостите е излезен надвор од шеснаесетникот, па шутираше од прва.

Топката леташе 60-тина метри и падна директно во голот.

- Оглас -

Најнови вести