Гол за предупредување – Македонија ја надигра Словенија, но не победи (Видео)

Македонија ја надигра Словенија, но не успеа да победи на пријателскиот меч во Скопје. Гостите погодија за израмнување на 1:1 во последните моменти од судиското продолжение.

Македонија поведе по одличната акција во 55-тата минута, што маестрално ја изведоа асистентот Езџан Алиоски и стрелецот на победничкиот гол Елиф Елмас.

Алиоски прекрасно нафрли од својата позиција како лево крило, а Елмас од спротивната страна од прва упати прецизен удар, што заврши во мрежата на Словенците.

North Macedonia 1-0 Slovenia – Elif Elmas 55′ from soccer

Македонија доминираше во второто полувреме, откако Словенија беше рамноправен ривал во првиот дел. Имавме неколку зрели шанси во продолжението и пред и по голот на Елмас, но сепак не успеавме да постигнеме уште некој погодок за победа.

Домен Чрнигој погоди во 97-мата минута за Словенија за конечни 1:1.

Селекторот на Македонија, Игор Ангеловски, успеа и да ја провери формата и на резервните играчи, па дури шестмина настапија во второто полувреме.

Македонија ќе игра уште еден тест-меч против Казахстан на 4 јуни, а потоа следува патот за Букурешт на 8 јуни. Таму ќе играме два меча на ЕП, против Австрија на 13 јуни и со Украина на 17 јуни, а потоа ќе патуваме за Амстердам на 21 јуни на дуел со Холандија.

- Оглас -

Најнови вести