Лацио и Атлетико Мадрид одиграа нерешено 1:1 на дуелот во Рим, а домашните навивачи буквално до последната секунда чекаа да се израдуваат на погодок. Атлетико водеше со голот на Бариос во 29-тата минута, но Лацио не се предаде.
Во 90+4 минута Лацио се избори за корнер, а домашниот голман Иван Проведел тргна пред противничкиот гол во обид да погоди. Иако е многу ретко, Проведел ја исполни мисијата и на фантастичен начин со глава погоди за 1:1.
Веднаш по тој погодок, судијата отсвири крај на мечот.