14.8 C
Skopje
четврток, 28 август 2025

Голчиште на Дибала (Видео)

Пауло Дибала продолжува со одличните игри во дресот на Јувентус. Аргентинскиот интернационалец погоди пред крајот на првото полувреме во дуелот против Атлетико Мадрид, а голот беше вистинско ремек-дело.

Беше досуден фаул за Јувентус во ситуација која ја нарекуваат скратен корнер. Иако беше речиси од мртов агол, Дибала реши директно да шутира кон голот на Атлетико Мадрид и го изненади Јан Облак за водство на италијанскиот првак од 1:0.

https://youtu.be/VCo8WkWRIWM

https://youtu.be/bPUTJo_KBLM

- Оглас -

Најнови вести