Екипата на Челзи е на подготовки во САД, ноќеска го победија мексиканскиот гигант Клуб Америка со 2-1, но главоболки на менаџерот Томас Тухел му задава фактот што на турнејата не може да смета на Нголо Канте и Рубен Лофтус-Чик.
Французинот и Англичанецот останаа во Лондон и тренираат сами, а причината зошто не се во САД, е немањето примена вакцина против коронавирус. Во Америка не смее да влезе невакциниран човек, па Канте и Лофтус-Чик останаа дома.
„Ако не сте вакцинирани, наидувате на разни пречки. Ќе размислам дали во иднина да носиме играчи кои не се вакцинирани, бидејќи вакви проблеми не ни требаат. Рубен и Нголо тренираат во Англија и не можеме да ги присилиме да се вакцинираат. Би сакал да беа со нас, јасно е дека ќе им биде тешко на почетокот на сезоната“ – вели Тухел.
Инаку, Сините до победата над Америка дојдоа со прекрасен гол на Мејсон Маунт во 83-та минута. Погледнете го голот:
https://www.youtube.com/watch?v=GzcpfXFsSaU