Голчиште на Нико Вилијамс за трети гостински пораз по ред на Атлетико во Ла Лига (Видео)

Атлетик Билбао извојува победа од 2-0 против Атлетико Мадрид и потврди дека е многу опасен на свој терен. Билбао на осум меча по ред на „Сан Мамес“ дава барем два гола, нешто што претходен пат го направиле пред 40 години.

Нико Вилијамс беше најразигран во редовите на баскискиот тим, а одличното издание го круниса со феноменален погодок при кој Јан Облак немаше шанса. Голот на Вилијамс може да го видите ТУКА.

- Оглас -

Најнови вести