Голчиште на репрезентативка на Јужна Кореја (Видео)

Женскиот фудбал ќе биде во фокусот во следниот период, затоа што од 20 јули до 20 август ќе се игра Светското првенство во Австралија и Нов Зеланд. Една од најсилните селекции е Јужна Кореја.

Во пријателски меч против Хаити, Јужна Кореја победи со 2:1, а во центарот на вниманието беше Јанг Сеи-Џи. Оваа фудбалерка го постигна победничкиот гол во 81 минута и тоа на фантастичен начин.

Таа прифати една топка и од 30-тина метри шутираше, а топката заврши во аголот, каде што сигурно немаше да може да одбрани и врвен голман.

- Оглас -

Најнови вести