Шкотска и Швајцарија одиграа 1-1, а овој резултат остава многу отворени опции пред третото коло во групата во која се и Германија и Унгарија.
Шкотите останаа со теоретски шанси за осминафинале, но ќе мора да ја победат Унгарија, а тоа ќе треба да го направат без еден од главните нивни играчи Киеран Тирни, кој се повреди и за него веројатно ЕВРО 2024 е завршено.
Голот на Џердан Шаќири за Швајцарија ќе биде моментот по кој ќе се памети овој меч. Шаќири стана прв играч кој настапува за клуб од американскиот континент, кој постигнал гол на Европско првенство.
Швајцарците во третото коло играат со фаворитот Германија, и доволен ќе им биде и бод, но ако го изненадат и победат домаќинот, ќе бидат и први во групата.