Голчиште на Тадиќ, од пола терен го матира противничкиот голман (Видео)

Фенербахче ја продолжува мртвата трка со Галатасарај за шампионската титула, вечерва со 4:2 ја совлада Адана Демирспор, а потегот на мечот го имаше српскиот репрезентативец Душан Тадиќ, кој го постигна еден од најубавите голови сезонава.

Имено, во 70-тата минута Тадиќ на средина на теренот пресече една топка и со фантастичен шут го совлада противничкиот голман, кој беше излезен на работ на шеснаесетникот.

Фенербахче со победата по 31-вото коло во турскиот шампионат има 82 бода, два помалку од лидерот на табелата Галатасарај. За тоа колку се доминантни двата тима од Истанбул, најдобро покажува податокот дека третопласираниот Трабзонспор има дури 32 бода помалку од лидерот Галатасарај.

- Оглас -

Најнови вести