17.8 C
Skopje
четврток, 10 јули 2025

Голчиште од 40 метри на Суарес, Атлетико без мака против Осасуна (ВИДЕО)

Атлетико Мадрид со 3:0 славеше на гостувањето кај Осасуна во рамките на 25-то коло од шпанската Ла Лига.

„Јорганџиите“ по бледиот настап против Леванте и неочекуваниот пораз, денеска одиграа како што се очекуваше од нив и со три нови бодови на своето конто ќе го дочекаат Манчестер јунајтед во среда.

Жоао Феликс во треттата минута го постигна својот петти гол против Осасуна во петтиот натпревар против овој тим. Додека најубавиот момент на средбата беше дело на Луис Суарес во вториот дел (59′). Уругваецот со прекрасен гол од 40 метри ги разреши сите дилеми околу победникот.

Конечниот резултат на оваа средба го постави Анхел Кореа во 89-та минута.

Ова е 42-от бод за Атлетико сезонава во Ла Лига со што се зацврстија на четврттото место. Првата осмина-финална од Лигата на шампионите се игра на Ванда Метрополитано во среда од 21 часот.

- Оглас -

Најнови вести