Бетис ќе игра против Валенсија во финалето на шпанскиот фудбалски куп. Вечерва на „Бенито Вилјамарин“ имаше голема драма, а Бетис беше посреќниот тим. Голот вреден финале го даде Борха Иглесијас во 92-рата минута.
Тимот од Севилја го доби првиот меч во Мадрид со 2-1, а вечерва Рајо поведе со 1-0 во 80-тата минута, со голот на резервистот Бебе. Погодокот од слободен удар од 28 метри беше спектакуларен, погледнете:
https://twitter.com/i/status/1499500725772107791
Столе Димитриевски беше на клупата за резерви на овој меч, на кој Рајо можеше да испише историја и првпат да се најде во финалето.
За Бетис ова е петто финале, билансот во финалињата им е 2-2. Финалето се игра во нивниот град, но на стадионот „Ла Картуха“.