Голд купот е златна шанса за добивка

Аргентина – Колумбија (00.00 часот)

Ова е дерби на вечерта не само на Копа Америка, туку и воопшто во светот кога станува збор за фудбалски мечеви. Сите погледи се свртени кон Меси, но тука се и Агеро, Дибала, Ди Марија, Ло Селсо, Таљафико и останатите, имаат имаат голема желба на Аргентина да ѝ ја донесат првата титула после пауза од 26 години, но прв ривал на патот до триумфот им е опасната Колумбија.

Колумбијците имаат нов селектор, тоа е екс тренерот на Реал Мадрид и Манчестер јунајтед, Португалецот Карлош Кеирош. Нападот на Колумбија е силен, ги имаат Фалкао, Запата, Хамес Родригес, Квадрадо, и секако нема да им биде лесно на аргентинските дефанзивци. Колумбија 12 години нема победа над Аргентина, а последниот меѓусебен дуел, лани во септември, заврши 0-0.

Како квотите за фиксови се примамливи, предлагаме да играте на голови, и тоа дека ќе паднат еден до три гола во секое од двете полувремиња. И оваа игра ви нуди можност за убава добивка.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (2.15)

 

Канада – Мартиник (01.30 часот)

Овој меч се игра во Пасадена, во САД. Селекторот на Канада има на располагање седум дебитанти, сите помлади од 22 години, но и неколку искусни фудбалери како голманот на Црвена ѕвезда, Милан Борјан. Канаѓаните по шести пат учествуваат на Голд купот. Канада е голем фаворит против селекцијата од малиот карипски остров.

Сепак, пред шест години, истотака на Голд куп, Мартиник ја совлада Канада со 1-0, и тоа им е последен меѓусебен дуел. Претходно, Канада славела со 1-0.

Предлог тип 1& 0-3 (1.93)

 

Мексико – Куба (04.00 часот)

Тука Мексиканците се толку големи фаворити, што опцијата да играте единица, не постои. Или ќе се обидете да играте двознак Х2 кој е со коефициент 16, или ќе треба да е определите да играте на голови, или да го погодите точниот резултат.

Иако разликата во квалитет е голема, не веруваме дека Мексиканците ќе запнат уште во прво коло да го уништат противникот. Нашиот предлог е оти нема да паднат повеќе од пет гола, но ќе има барем три.

Мексико победуваше со 6-0 и 5-0 на последните два меѓусеби дуели на Голд купот, а тоа беа мечеви во 2015 односно 2011 година.

Предлог тип: 3-5 гола (1.85)

- Оглас -

Најнови вести