28.8 C
Skopje
сабота, 12 јули 2025

Голден стејт без двете ѕвезди беше лесен плен за Оклахома

Оклахома победнички си замина од гостувањето во Сан Франциско откако со 128:109 беше подобра од Голден стејт вориорс. Домашниот тим беше ослабен со неиграњето на повредениот Стеф Кари и суспендираниот Дрејмонд Грин, кој ќе паузира вкупно на пет меча поради тоа што го фати за врат центарот на Минесота, Руди Гоберт.

Во една таква ситуација, Оклахома уште од стартот започна силно и поведе со 15 разлика (39:24) по првата четвртина. Гостите до крајот на средбата постојано имаа контрола на резултатот, а во еден момент од последната четвртина стигнаа и до предност од 21 разлика (118:97).

Во вториот меч кој се играше ноќеска во НБА-лигата, Мајами пред своите навивачи го победи Бруклин со 122:115. За Жешките од Мајами ова беше осма победа во 12-тиот меч сезонава, додека Бруклин сега е на скор од шест победи и исто толку порази.

- Оглас -

Најнови вести