Екипата на Голден стејт вориорс забележа убедлива победа од 27 поени над ЛА лејкерс и израмни на 1-1 во конференциското полуфинале на западот. Клеј Томпсон со 30 поени беше најзаслужен за победата на домашните од 127-100.
Сепак, гостите од Лос Анџелес одлично го отворија натпреварот и имаа предност од седум поени по првиот период. Одлучувачки за високата победа на Голден стејт беа вториот и третиот период, кои ги добија со 18, односно 19 поени разлика.
Леброн Џејмс беше најефикасен во поразената екипа со 23 поени.