Голден стејт и Денвер во „мртва трка“ за врвот на Западот

Голден стејт вориорс – Шарлот хорнетс (02:30 часот)

Шампионите го прежалија болниот пораз од Минесота, па сега се фокусирани во најдобро можно светло да го завршат регуларниот дел од сезоната. Заедно со Денвер, Голден стејт води тесна битка за лидерската позиција на Западот, двете екипи имаат идентичен учинок од 51-24. До крајот им преостануваат уште седум меча, а Голден стејт сака и петта сезона во низа од првото место да ги започне разигрувањата.

Со Шарлот вторпат ќе се сретнат оваа сезона, а при првата пресметка Голден стејт победи со 121:110, па така се очекува ново расположено издание на трикратниот НБА шампион.

Предлог тип: 1 & >227.5 (2.15)

 

Денвер нагетс – Вашингтон визардс (02 часот)

Како што е наведено погоре, и Денвер го посакува првото место во Западната конференција како и Голден стејт. Секако нема да биде решено по овие натпревари, но бидејќи се фаворити се очекува лесно да го совладаат Вашингтон. Еднаш сезонава го сторија тоа, Денвер украде победа во Ди – си, па сега и на домашен терен ќе се обиде да издвои двојна овосезонска победа над Визардс.

Предлог тип: 1 & <225.5 (2.20)

 

Њу Орлеанс пеликанс  – ЛА лејкерс (00 часот)

Лејкерси добија два од трите овосезонски пресметки против пеликаните, а вечерва точно на полноќ ќе се пресметаат за последен пат во оваа сезона. Двете екипи имаат лоши сезони, разигрувањата ќе ги следат пред малите екрани. Кај „езерџиите“ ќе недостасува Леброн Џејмс, кој одлучи да одмори до крајот на регуларниот дел и да работи на закрепнување на повредата на препоните.

Сите три претходни дуели излегоа со плус поени, би било премногу и по четврти пат да ја надминат предвидената граница.

Предлог тип: <230.5 (2.0)

 

Демар Дерозен (Сан Антонио спарс – Сакраменто кингс, 01 часот)

Сакременто ги доби двата дуели против Сан Антонио оваа сезона, а Дерозан одигра над просекот и во двата меча, постигна 23, па 24 поени. Сега е време за реванш, во кој се очекува шутерот на Спарси повторно да биде клучен играч на тимот кој го предводи Грег Попович.

Неговиот овосезонски просек е 21 поен по натпревар, граница која лесно може да се стигне.

Предлог тип: Д. Дерозен >21.5 (1.95)

 

ЛА клиперс – Мемфис гризлис (04:30 часот)

Мемфис речиси две години не може да ги совлада Клиперс во „Стејплс центарот“, а сезонава во два наврати претрпеа порази од екипата на Док Риверс. Клиперс се во добра форма и со нова победа ќе ја преземат петтата позиција на табелата на Западот пред Јута, токму затоа се очекува да го одржат позитивниот биланс против „гризлите“.

Предлог тип: 1 хен. -8.5 (1.80)

- Оглас -

Најнови вести