Голден стејт конечно покажа зошто е шампион во НБА

Екипата на Голден стејт ја забележа најубедливата победа во ноќешните дуели во НБА-лигата откако со 132:95 го растури Сан Антонио. Воините слабо ја започнаа сезоната и ова е само шеста победа во 14 средби, но овојпат ја покажаа целата своја сила и на крајот славеа со 37 разлика.

Џордан Пул беше незадржлив и иако одигра само 29 минути, успеа да постигне дури 36 поени, покажувајќи се како вистински лидер на Голден стејт. Ламб постигна 17 поени, а Кари застана на 16 поени, додека Џонсон со 15 поени беше најефикасен кај гостите, кои исто така се со биланс од шест победи и осум порази.

Милвоки, кој стартуваше со девет победи по ред, сега влезе во мини криза и загуби по третпат во последните четири меча. Овојпат Бакси првпат сезонава беа поразени на свој терен, и тоа од Атланта со 121:106. Адетокумбо заврши со 27 поени, но не можеше сам да им парира на расположените гостински играчи Хантер и Јанг, кои комбинирано постигнаа 45 поени.

Резултати: Детроит – Торонто 111:115, Орландо – Шарлот 105:112, Бостон – Оклахома 126:122, Мајами – Феникс 113:112, Хјустон – ЛА клиперс 106:122, Милвоки – Атланта 106:121, Голден стејт – Сан Антонио 132:95.

- Оглас -

Најнови вести