Голден стејт не дозволи уште еден шок (Видео)

Актуелниот шампион на НБА, Голден стејт, славеше на гостувањето во Лос Анџелес против Клиперс со убедливи 132:105 и поведе со 2:1 во плејофот. „Воините“ во претходниот меч на свој терен беа шокирани кога водеа со 31 разлика, а на крајот загубија. Овојпат не дозволија ништо слично, па во текот на целиот дуел го „дробеа“ противникот.

Уште по првите 12 минути, Голден стејт стигна до одлична предност од 17 поени (41:24), која постојано се зголемуваше, па на крајот од третата четвртина водеа со високи 33 поени предност. Кевин Дурант беше прв играч на мечот со 38 поени, четири скока и седум асистенции. Кари додаде 21 поен, а Игудала застана на 15 поени кај победничкиот тим.

https://youtu.be/x-E2Kfd4Bn8

На гости се радуваше и Филаделфија против Бруклин со 131:115. Иако „76-ките“ беа без Џоел Ембилд, немаа проблеми да стигнат до висок триумф. Речиси во целиот тек од мечот, гостите беа во предност и на крајот го возвратија брејкот на „мрежичките“ за водство од 2:1 во победи.

На домашен терен единствено победи Сан Антонио, и тоа против Денвер. Дерик Вајт повторно беше предводник на Спарси, па на крајот заврши со 36 поени, по пет скока и асистенции и три украдени топки. Денвер ја продолжи црната серија без победа на гости кај Сан Антонио уште од 2012 година.

https://youtu.be/u4PqsI_9ctI

Резултати: ЛА клиперс – Голден стејт 105:132, Сан Антонио – Денвер 118:108, Бруклин – Филаделфија 115:131.

- Оглас -

Најнови вести