Голден Стејт не ја повтори грешката од првиот финален меч (Видео)

Екипата на Голден Стејт вориорс без многу проблеми славеше со 107:88 во вториот меч од НБА финалето, па сега плејоф серијата е израмнета на 1:1 во победи.

Стеф Кари беше вистински лидер на Воините и постигна 29 поени, а уште четворица негови соиграчи имаа двоцифрен број на поени. Бостон подобро го отвори мечот и поведе со 13:5, но до крајот на првата четвртина, Голден Стејт имаше еден поен предност.

Во втората четвртина двете екипи се менуваа во водство, а на полувреме домаќините водеа со 52:50. Нешто слично како на првиот меч, Голден Стејт заигра многу подобро во третата четвртина и ја доби убедливо, овојпат со 35:14, па во пресрет на последните 12 минути, домаќините имаа убедлива предност од 23 поени.

Бостон на првиот меч, последната четвртина успеа да ја добие со плус 24 поени, но овојпат гостите немаа сила за уште еден чуден пресврт, па серијата е израмнета. Џејсон Татум со 28 поени беше најефикасен кај гостинскиот тим.

Следните два меча се играат на теренот на Бостон.

- Оглас -

Најнови вести