Голден стејт нема право на грешка, мора да победи за Дејан Милојевиќ! (Фото)

Вечерва по полноќ во НБА-лигата се играат седум натпревари, има неколку интересни парови, на пример: очајниот Детроит е фаворит против Шарлот, Далас на Дончиќ е аутсајдер дома против Феникс, Милвоки со привремен тренер ќе го пречека Кливленд, а најемотивно ќе биде во Сан Франциско, каде што Голден стејт вориорс ќе игра првпат по осум дена.

Вориорс уште се во шок по смртта на помошниот тренер Дејан Милојевиќ и на дуелот со Атланта ќе имаат многу голем мотив да победат и триумфот да му го посветат на прерано починатиот Деки. За Атланта игра Србинот Богдан Богдановиќ, кој исто така ќе сака да прикаже добра партија во чест на Милојевиќ, а го има и на листата на играчи во понудата на Sport Life за кои може да погодувате колку поени ќе постигнат.

Воините најавија дека на нивните дресови ќе има еден додаток, срце со иницијалите на Милојевиќ, а истиот знак ќе се најде и на паркетот во салата и со тоа ќе му оддадат чест на асистентот на Стив Кер, кој на 46 години ненадејно почина пред една недела од срцев удар.

- Оглас -

Најнови вести