Голден Стејт останува „шериф“ на Западот (Видео)

Голден Стејт не го дава првото место на Западната конференција, откако утрово славеа на гости со 120:117 против Филаделфија. Во корист на „воините“ беше и поразот на Денвер на свој терен од Њу Орлеанс, па Голден Стејт сега има две победи повеќе и еден пораз помалку од најблискиот ривал.

Кевин Дурант и Стеф Кари беа најзаслужни за победата на шампионот. Дурант даде 34 поени заедно со по 5 скока и асистенции, додека Кари застана на 28 поени од кои постигна пет тројки. Филаделфија се обиде да стигне до израмнување, но последниот напад во кој требаше да постигнат тројка, беше неуспешен.

Резултати: Индијана – Орландо 112:117, Мајами – Бруклин 117:88, Далас – Мемфис 81:111, Филаделфија – Голден Стејт 117:120, Сан Антонио – Оклахома 116:102, Денвер – Њу Орлеанс 112:120, Феникс – ЛА лејкерс 118:109, Јута – Милвоки 115:111.

- Оглас -

Најнови вести