Голден стејт по 47 години се преселија во нова сала, а веселбата им ја расипа истиот играч кој ги победи во последниот меч во стариот дом на Воините (Видео)

Кавај Ленард минатата сезона беше предводникот на Торонто репторс во освојување на историската прва титула во НБА-лигата. Во финалето, Торонто го победи Голден стејт. Рептилите тогаш славеа на гостински терен во последниот меч на Голден стејт во старата арена, која замина во историјата.

Сега, четири месеци по разочарувачкиот пораз во последниот меч во стариот дом, Воините го одиграа првиот меч во нивниот нов дом „Чејс Парк“ и повторно Ленард беше нивниот кошмар, но овојпат како играч на Лос Анџелес клиперс. Играчот кој беше МВП на ланското финале, утрово постигна 21 поен, 9 асистенции и 5 скока, а одличен беше и Лу Вилијамс, кој даде 22 поени за гостите во победата од 141:122.

Стеф Кари даде 23 поени за Голден стејт, кој одигра очајна одбрана и во сите четвртини прими барем по 30 поени. Третата четвртина беше посебно очајна во одбраната за Воините, па примија дури 46 поени.

Милвоки со 117:111 го победи Хјустон, а незадржлив беше Јанис Адетокумбо. Популарниот Грик Фрик имаше трипл-дабл со 30 поени, 13 скока и 11 асистенции, засенувајќи ги двете ѕвезди на противникот, Џејмс Харден и Расел Вестбрук, кои заедно постигнаа 43 поени.

На гости победи и Атланта против Детроит со 117:100.

- Оглас -

Најнови вести