Откако за прв пар нанижаа четири порази по ред со Стив кер на клупата, Голден Стејт многу брзо се врати на победите. „Воините“ сега имаат два триумфа во низа. Ноќеска беше победен Сакраменто со 117:116. Во неизвесна завршница, НБА шампионот до победата стигна благодарение на поените на Клеј Томпсон постигнати на пет секунди до крајот.
Clutch Klay put-back! #DubNation pic.twitter.com/vQvvoKLUlB
— NBA (@NBA) November 25, 2018
Последниот напад го имаа гостите, но промашија и пропуштија да направат изненадување. Томпсон кој го даде решавачкиот кош, на крајот заврши со 31 поени, а прва ѕвезда на вечерта беше Кевин Дурант кој за 40 минути игра, реализираше 44 поени.
Кливленд повеќе не е најслаб тим во лигата. „Коњаницата“ прв пат сезонава спои два триумфа, откако со 117:108 беше подобра од Хјустон. Единствената победа на гостински терено ноќеска ја забележа Денвер и тоа на теренот на Оклахома, победувајќи со 105:98.
Резултати: Кливленд – Хјустон 117:108, Минесота – Чикаго 111:96, Оклахома – Денвер 105:98, Вашингтон – Њу Орлеанс 124:114, Далас – Бостон 113:104, Голден Стејт – Сакраменто 117:116, Милвоки – Сан Антонио 135:1298.