Голден Стејт покажа шампионска сила, а Кари „експлодираше“ (Видео)

Голден Стејт се пласираше во конференциското финале на Западната конференција, откако со 4:2 во победи беа подобри од Хјустон. Актуелниот шампион во НБА лигата на покажа силата, кога малкумина очекуваа такво нешто. „Воините“ соавеа со 118:113 на гостински терен, иако играа ослабени.

Поради повреда здобиена на претходниот меч, кај Голден Стејт го немаше предводникот Кевин Дурант. Сепак, тука беа Стеф Кари и Клеј Томпсон, двајцата играчи кои беа и главна причина зошто Дурант дојде во Голден Стејт пред три сезони.

Кари и Томпсон како да беа договорени да одиграат маестрално по едно полувреме. Во првиот дел Томпсон даде 27 поени, додека Кари едноставно се мачеше и не можеше да погоди. Сепак, во второто полувреме, шутерот на Голден Стејт покажа зошто два пати беше МВП и беше непогрешлив. Кари даде 33 поени во вторите 24 минути и за малку не го сруши рекордот на Ерик Флојд, кој во далечната 1987 година, во второто полувреме има дадено 39 поени.

Кај Хјустон очекувано најпрецизен беше Џејмс Харден со 35 поени, а 27 поени додаде Крис Пол, но тоа не беше доволно за да се спречи поразот на „ракетите“ на свој терен.

Голден Стејт во финалето на Западот сега ќе го очекува подобиот од Денвер и Портланд, екипи кои треба да играат „мајстокра“.

https://youtu.be/cTPB8Q47a4s

 

- Оглас -

Најнови вести