15.8 C
Skopje
петок, 11 јули 2025

Голден стејт прокоцка 17 поени предност за една четвртина, но на крајот пак победи (Видео)

Голден стејт вориорс се радуваа во најнеизвесниот меч одигран ноќеска во НБА-лигата. Воините славеа против Торонто со 106:105, во меч на кој ќе беше греота да не победеа. Домаќините од стартот поведоа со 10:1 и во текот на целиот меч имаа предност.

На почетокот на последната четвртина домаќините водеа и со17 разлика (89:72), но Торонто тогаш се разигра и полека почна да ја топи негативата. Рептилите првпат на мечот поведоа со 98:97 и тоа беше знак за неизвесна завршница. Во последните 20 секунди гостите водеа со 105:104, а Ли беше фаулиран во последниот напад на домаќините и со две слободни фрлања повторно му донесе водство на Голден стејт на 4 секунди до крајот. Торонто имаше напад за победа, но гостите промашија.

Актуелниот првак Лос Анџелес лејкерс лесно со 120:102 го победиј Хјустон, а во останатите мечеви кои се играа ноќеска: Бруклин – Оклахома 116:129, Њујорк – Денвер 89:114, Минесота – Сан Антонио 96:88.

- Оглас -

Најнови вести