17.8 C
Skopje
сабота, 13 септември 2025

Голден стејт вечерва на свој терен има шанса да го елиминира Хјустон

Доцна вечерва се игра само еден натпревар од плејофот во НБА лигата, Голден Стејт вориорс е домаќин на Хјустон рокетс, и ова е втора меч-топка за Воините да ја затворат серијата и да се пласираат во следното коло.

Голден стејт води со 3-2 во победи, а на петтиот меч кој Ракетите го добија со 131-116, Стеф Кари и Џими Батлер заедно имаа само 21 поен, па ѕвездите на тимот од Сан Франциско ќе мора да одиграат многу подобро ако сакаат да избегнат мајсторка која би ја играле како гости во Тексас.

Голден стејт ги доби двата домашни меча против Хјустон во годинешниот плејоф, па домаќините се фаворити и вечерва.

Во Sport Life може да се обложите на многу игри поврзани со текот и исходот на мечот, како и на поени, скокови, тројки и асистенции на индивидуалци.

- Оглас -

Најнови вести