Голеада го вивна Фенербахче на врвот во турската лига

Фенербахче извојува победа од 5-2 на гостувањето кај Истанбулспор, па сега популарниот Фенер е прв на табелата со три бода предност пред Адана Демирспор, но Канаринците имаат и еден меч помалку, па разликата може да стане и шест бода.

Езџан Алиоски беше стартер кај Фенербахче и играше до 66-та минута, а кај Истанбулспор целиот меч го одигра Ваљон Етеми.

Најдобар поединец кај Фенербахче вечерва беше Белгиецот Мичи Батчуаи, кој даде три гола, а имаше и една асистенција.

- Оглас -

Најнови вести