Голеада на „Керамика“, четири гола за едно полувреме

Виљареал и Барселона одиграа одлично прво полувреме на радост на навивачите на стадионот „Керамика“. Во првото полувреме од дерби пресметката во третото коло во Ла Лига, двата тима постигнаа по два гола.

https://twitter.com/i/status/1695825123327299806

 

Барселона со два гола за само три минути, поведе со 0:2. Прво Гави во 12-та минута го отвори резултатот, а три минути подоцна Френки де Јонг зголеми на 0:2.

https://twitter.com/i/status/1695827934894870908

Домаќинот успеа да се врати во игра и тоа благодарение на головите на Фојт во 26-та и на Сорлот во 40-та минута.

https://twitter.com/i/status/1695832361706164682

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести