Вистинска голеада имаше попладнево на натпреварите од Првата македонска фудбалска лига. На четирите натпревари кои се одиграа беа постигнати вкупно 17 гола, а она што е интересно, сите осум екипи погодија барем по еднаш. Доколку се земат во предвид и натпреварите кои се играа вчера, тогаш во ова 25-то коло беа постигнати вкупно 22 гола на шест средби, односно во просек нешто помалку од четири по натпревар.
Фаворитите Струга и Шкендија немаа проблеми на домашен терен и дојдоа до убедливи победи против Воска, односно Брегалница. Актуелниот бранител на трофејот и лидер на табелата, Струга, со 3-1 го совлада локалниот ривал Воска, додека Шкендија со 4-1 славеше над фенерџијата Брегалница.
Вистинско изненадување направи екипата на Македонија ЃП, која со убедливи 1-4 победи во Гостивар и избега од последното место на табелата и си ги зголеми надежите за опстанок во лигата.
Во дуелот на екипите од втората половина на табелата, струмичка Брера со 2-1 го совлада Работнички.
Резултати:
Брера – Работнички 2-1
Гостивар – Македонија ЃП 1-4
Шкендија – Брегалница 4-1
Струга – Воска 3-1
вчера:
Тиквеш – Силекс 1-1
Шкупи – Вардар 3-0
Табела: 1. Струга 54, 2. Шкупи 51, 3. Шкендија 48, 4. Силекс 36, 5. Тиквеш 33, 6. Гостивар 32, 7. Брера 30, 8. Работнички 27, 9. Воска 27, 10. Вардар 26, 11. Македонија ЃП 24, 12. Брегалница 22.