Интер славеше на тешкото гостување кај Сасуоло со конечни 4-3 во мечот од осмото коло на Серија А. Нероаѕурите во последните десетина минути мораа да бранат минимална предност, откако домаќините при резултат од 4-1 се вратија во игра и беа на прагот на сензација.
Уште во втората минута Лаутаро Мартинес му донесе водство на Интер, по што Берарди имаше одговор петнаесетина минути подоцна. До паузата Лукаку се запиша во листата стрелци во два наврати, од кои едниот погодок го постигна од белата точка.
До 70-тата минута немаше многу возбудливи моменти, а откако гостите од Милано добија уште еден пенал кој го реализира Мартинес за 4-1, се чинеше дека нема дилеми околу победникот на оваа средба. Но, тренерот Де Ѕерби ги стави во игра џокерите Ѓуричиќ и Бога, кои до 82-та минута намалија на 4-3, но Сасуоло немаше сили да избегне пораз иако притискаа за четврти гол.
Интер по седмиот овосезонски триумф останува на второто место на табелата со 21 бод, еден помалку од Јувентус, додека за Сасуоло ова е петти пораз и по ова коло најверојатно ќе стои на 16-тата позиција со само шест освоени бодови.
https://twitter.com/InterYaSoul/status/1185867052596244480
https://www.dailymotion.com/video/x7mwbd2