Голеада на „Месталја“, Валенсија прокоцка резултат од 3-1 (видео)

Валенсија ќе мора да се задоволи со реми против Хетафе при конечни 3-3 иако „Лилјаците“ имаа водство од два гола по стартот на второто полувреме на дуелот на „Месталја“. Голеадата започна уште во првата минута со голот на Мата, а по половина час игра се случи рапсодија во изведна на домашните фудбалери.

Макси Гомес за четири минути стрелаше двапати, а во 39-тата минута Канжин зголеми на 3-1 и се чинеше дека Валенсија без проблеми ќе го чека крајот на мечот. Сепак, гостите беа расположени да им ги расипат плановите, па фуриозниот период од 66-тата до 69-тата минута го стави Хетафе во позиција да украде бод од ова гостување.

По шест меча, Валенсија стои на 13-тото место само со една победа и шест бода, додека Хетафе со еден бод повеќе е на 10-тото место.

https://www.dailymotion.com/video/x7lprpt

 

https://www.dailymotion.com/video/x7lprxw

- Оглас -

Најнови вести