Голеада на Ванкувер и Бостон, победи за Тампа Беј и Минесота

Ванкувер канукс славеше со 8-5 против Бостон бруинс за 10-тиот овосезонски триумф. Во голеадата од 13 погодоци, дури осум се постигнаа во втората третина, која Ванкувер ја освои со 5-3, па до крајот ја надополни големата предност.

Тампа Беј лајтнинг ја продолжи победничката серија на четири откако со пресврт се радуваше против Њујорк ајлендерс со 4-2. Гостите имаа минумални 1-0 по првиот период, па во остатокот од средбата четири различни играчи на Тампа беј погодуваа за нова победа и зацврстување на врвот во Источната конференција.

Се распукаа и Монтреал и Бафало, па мечот се одлучуваше во дополнително време. Откако резултатот беше 5-5 по три третини, Скинер погоди за 6-5 само по две минути игра во продолжението и ја донесе осмата победа за Бафало сезонава.

„Дивите“ од Минесота рутинирано славеа со 3-1 на гости кај наслабиот тим од Западот, тимот на ЛА кингс.

Резултати НХЛ:

Бостон бруинс – Ванкувер канукс 5-8

Флорида пантерс – Едмонтон ојлерс 4-1

Филаделфија флаерс – Аризона којотс 5-4

Монтреал канадиенс – Бафало сејберс 5-6

Отава сенаторс – Вегас голден најтс 3-5

Тампа Беј лајтнинг – Њујорк ајлендерс 4-2

Чикаго блекхокс – Каролина хурикејнс 3-4

Далас старс – Сан Хозе шаркс 4-3

Лос Анџелес кингс – Минесота вајлд 1-3

- Оглас -

Најнови вести