Фиорентина и Аталанта одиграа во свој стил, со многу голови и екстра ефикасно, а со резултат 3-3 ќе го почнат реваншот во полуфиналето на Италијанскиот куп.
Гостите од Бергамо постојано водеа, имаа предност од 2-0 и 3-2, но „виолетовите“ не се предаваа и се изборија за реми и не се без шанси за пласман во финалето на Италијанскиот куп.
Гомес, Пашалиќ и Де Рон беа стрелци за Аталанта, а возвратија Киеза, Бенаси и Мјуриел за реми 3-3.
Реваншот ќе се игра на 24-ти април на „Атлети Аѕури ди Италија“ во Бергамо.
Во првото полуфинале вчера во Рим, Лацио и Милан одиграа без голови.