11.8 C
Skopje
среда, 22 октомври 2025

Голеада во ЛШ каква што не се памти: ПСЖ, Арсенал, Интер, Борусија, ПСВ и Њукасл не знаеја за доста

Историска вечер имаше во Лига на шампиони. Во вкупно девет натпревари кои се одиграа беа постигнати вкупно 43 голови. Тоа е просек од 4,77 погодоци по меч.

Најефикасен беше актуелниот европски првак Пари Сен Жермен кој со 7:2 славеше на гости кај Баер Леверкузен. По шест голови постигнуваа Барселона и ПСВ Ајнтховен во победите над Олимпијакос и Наполи.

Арсенал и Атлетико Мадрид требаше да играат дерби пресметка, но на крајот топчиите беа убедливи и се радуваа на триумф од 4:0. Со 4:0, но на гости славеше Интер против Ројал Унион.

Резултати: Барселона – Олимпијакос 6:1 Каират Алмати – Пафос 0:0, Арсенал – Атлетико Мадрид 4:0, Баер Леверкузен – ПСЖ 2:7, Копенхаген – Борусија Дортмунд 2:4, Њукасл – Бенфика 3:0, ПСВ – Наполи 6:2, Ројал Унион – Интер 0:4, Вилјареал – Манчестер сити 0:2.

- Оглас -

Најнови вести