Лидс прв прими гол на гостувањето кај Вулверхемптон, но потоа заигра многу подобро и во периодот од 31 до 45 минута постигна три погодоци, што беше доволно да се радува на триумф во меч од петото коло во Премиер лигата. За Лидс ова е втора победа сезонава, а за Вулверхемтон продолжува агонијата и останува на дното на табелата, без ниту еден освоен бод.
Интересно е дека сите пет меча кој досега се одиграа во ова коло завршија со погодоци во мрежите на сите екипи. Во пладневниот термин Ливерпул со 2:1 го победи Евертон, а од 16 часот резултатите се: Брајтон – Тотенхем 2:2, Барнли – Нотингем форест 1:1 и Вест хем – Кристал палас 1:2. Вечерва ќе се игра и дербито меѓу Манчестер јунајтед и Челзи.