Фактите го кажуваат тоа: Голеадата е загарантирана на Лестер – Ливерпул

Лестер ќе го игра третиот меч само за седум дена и може да очекуваме да има голеада. Само пред два дена, Лестер гостуваше кај Сити и загуби во меч со девет погодоци (загуби со 6:3). Претходно, на 22 декември во меч од Лига купот, Лестер гостуваше кај Ливерпул и тука имаше голеада, а по 90 минути беше 3:3.

Сега, Лестер е домаќин и ќе има шанса да му се реваншира токму на Ливерпул за елиминацијата од Лига купот на пенали. Кога играат Лестер и Ливерпул, традицијата вели дека головите се загарантирани.

Во последниве седум години, Лестер и Ливерпул имаат одиграно вкупно 17 меча во сите натпреварувања и речиси сите беа со гол-шоу. Статистиката покажува дека на последните 17 дуели на овие два тима биле видени дури 58 погодоци. Тоа значи дека во просек на меч има по 3,41 погодок на средба.

Според коефициентите во Sport Life, Ливерпул е голем фавортит за победа, а одлични се квотите и да се одигра на голови.

- Оглас -

Најнови вести