Голеадата на “Емирати“ со среќен крај за Арсенал (Видео)

Екипата на Арсенал со 3-1 го доби големото англиско дерби против Манчестер Јунајтед. Најзначајниот момент на мечот се случи во шесттата минута од судиското продолжение на времето, кога Деклан Рајс со успеа да гопронајде патот до мрежата на Онана.

До крајот на мечот, односно во 11-тата минута од надополнувањето на времето Габриел Жесус само ја потврди победата на “топчиите“.

 

Претходно, Манчестер Јунајтед прв дојде во водство со погодокот на Рашфорд во 27-мата минута.

 

Само една минута подоцна Одегард израмни на 1-1.

- Оглас -

Најнови вести