Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ, со победата над Каспер Руд во финалето на Ролан Гарос, го освои 23-тиот грен слем трофеј во кариерата и му избега на Рафаел Надал на листата на играчи со највеќе трофеи на четирите најважни тениски турнири.
https://twitter.com/usopen/status/1667931894107758596?s=20
Со триумфот во Париз, доби уште еден голем адут во трката за најдобар тенисер на сите времиња.
Новак е сопственик на голем дел од тениските рекорди во машка конкуренција, а денеска е лидер и во за многумина најважната категорија во дебата за најдобриот тенисер на сите времиња.
Најмногу недели на врвот на АТП листата – 387, Новак Ѓоковиќ
Најмногу грен слем титули – 23, Новак Ѓоковиќ
Најмногу финалиња на АТП – 6, Новак Ѓоковиќ и Роџер Федерер
Најмногу мастерс титули – 38, Новак Ѓоковиќ
Најмногу мастерс титули во една сезона – 6 (2015), Новак Ѓоковиќ
Најмногу големи титули (Гран слем, ОИ, АТП финале, Мастерс 1000) – 66, Новак Ѓоковиќ
Најмногу големи титули во една сезона (Гранслем, ОИ, АТП финале, Мастерс 1000) – 10 (2015), Новак Ѓоковиќ
Најмногу пати ги освоил сите четири Грен Слема – Новак Ѓоковиќ на сите гран слем турнири има по најмалку три триумфи
Освоени сите девет мастерс турнири –Новак Ѓоковиќ
Најмногу гран слем финалиња – 34, Новак Ѓоковиќ
Најмногу мастерс финалиња – 56, Новак Ѓоковиќ
Најмногу големи финалиња (Гран слем, ОИ, АТП финале, Мастерс 1000) – 97, Новак Ѓоковиќ
Најмногу титули – 109, Џими Конорс
Најмногу олимписки злата – 2, Енди Мареј
Најмногу титули во Дејвис купот – 5, Рафаел Надал и Фелисијано Лопез
Сите тениски рекорди може да ги видите на следниот ЛИНК.