Голем е и во поразите: Ѓоковиќ џентлменски им го честиташе пласманот на Хрватите во финалето (ВИДЕО)

Новак Ѓоковиќ е еден од најдобрите тенисери, ако не и најдобар на сите времиња, а покажа дека знае и да се носи со поразите.

Светскиот рекет број еден со својата репрезентација Србија исгуби во полуфиналето на Дејвис купот од Хрватска со 2:1, и со тоа не успеаја да ја одбранат титулата.

По двата одиграни натпревари, резултатот беше 1:1, а сè се одлчучуваше во мечот во двојки каде што за Србија покрај Новак играше и Филип Крајиновиќ, додека, пак за „коцкестите“ настапуваа Мате Павчиќ и Никола Мектиќ, кои во конкуренција на двојки се први на раникнг листата.

Хрватите победија со 7:5 и 6:1 и ќе го очекуваат подобриот од второто полуфинале меѓу РТФ (Руска тениска федерација) и Германија.

На крајот од балканското дерби, Новак во манир на голем џентлмен им честиташе на Хрватите и им посака среќа во финалето.

- Оглас -

Најнови вести