Удинезе покажа дека е голем клуб со својата иницијатива да им помогне на своите навивачи. Зебрите организираа достава на намирници и лекови за постарите и немоќните жители на Удине кои не се во можност сами да ги набават.
Нивната операција е со цел жителите на кои им е неопходна помош да останат во своите домови и да не се изложуваат на ризик да се заразат од опасниот вирус Ковид-19.
Дополнително за посебен поздрав е џентлменскиот гест на управата, сите волонтери кои учествуваат во акцијата ќе бидат наградени со бесплатни влезници за домашните натпревари на Удинезе откако сезоната во Серија А ќе продолжи.