Олимписките Игри во Париз свечено беа отворени синоќа. Спектакуларно делуваше четиричасовното шоу низ најголемите знаменитости на главниот град на Франција.
Сепак, дека не беше се перфектно се потврди и на телевизискиот пренос, а голем кикс беше направен кога на јарболот требаше да се развее олимпиското знаме. Ништо немаше да биде чудно, ако знамето не беше кренато наопачки.
The big spectacle was washed out by the weather, the display was cringe & to top it all off the Olympic flag was hoisted upside down at the zenith of it all
This event is like a microcosm of modern France, an utter shamblespic.twitter.com/eZeyCrIXRQ
— Aaron Rankin (@Aaron_R_Rankin) July 26, 2024
На церемонијата која се одржа на реката Сена во Париз, беа користени 85 бродови, а имаше околу 7.000 спортисти од 205 земји од целиот свет.
И покрај киксот со олимпиското знаме, на крајот фантастично делуваше моментот кога беше запален олимпискиот оган и тоа на начин на кој никогаш претходно не е виден.
Интересно е дека на листата на гафови на отворањето на ЛОИ се најде и Македонија, откако нашите спортисти им го свртеа грбот на целиот свет кој го гледаше преносот на телевизиските екрани.