Голем гест на Алиоски и другарите, спасени 300 вработени во Лидс

Фудбалерите, стручниот штаб и менаџерскиот тим на англискиот второлигаш Лидс, за кој игра Езџан Алиоски, се согласија во следниот период да земаат помали плати, со цел сите 272 вработени во клубот кои не се директно поврзани со првиот тим, да добијат плата.

„Лидс јунајтед може да потврди дека играчите, тренерите и раководството се согласија да примат помала плата, за да се гарантира дека сите клуба, ќе си ги земат платите во овие несигурни времиња. Лидс е семејство, култура која е создадена од сите во клубот“ – велат од Лидс.

Со ова, Лидс покажа огромна солидарност во време кога не се играат мечеви и клубовите губат многу пари, бидејќи немаат приходи.

- Оглас -

Најнови вести