-0.2 C
Skopje
недела, 11 јануари 2026

Голем гест на Барселона: Му нудат нов договор на повредениот Кристенсен

Данскиот дефанзивец во редовите на Барселона, Андреас Кристенсен, заработи тешка повреда на мечот против Виљареал и го очекува долга, неколкумесечна, пауза. Неговиот договор со „каталонците“ истекува на крајот од оваа сезона, а јасно е дека Данецот нема да се врати на терените до тогаш.

Сепак, раководството на Барселона се одлучи на голем гест и му понуди на Кристенсен продолжување на договорот за уште една сезона, односно до летото 2027 година.

Спортскиот директор на „каталонците“, Деко, како и тренерот, Ханси Флик, сметаат дека се работи за исклучително квалитетен дефанзивец, но и исклучителен професионалец, па не сакаат да го остават на цедило и повреден без клуб.

Данецот веќе е информиран за плановите на Барселона, па наскоро треба да ја соопшти и својата одлука, која нема сомнеж дека ќе биде позитивна по предлогот на „каталонците“.

- Оглас -

Најнови вести