22.8 C
Skopje
четврток, 31 јули 2025

Голем хаос пред „Маракана“: Крвави има на сите страни… (Видео)

Црвена ѕвезда убедливо со 5:1 го победи тимот на Линколн и без многу проблеми се пласира во третото квалификациско коло за пласман во Лигата на шампионите. Српскиот првак победи и на првиот меч во Гибралтар, но тогаш беше минимално со 1:0, па со вкупен резултат од 6:1 продолжува во елитните квалификации.

Освен шесте погодоци, мечот кој синоќа се играше на „Рајко Митиќ“ го одбележаа и инцидентите што се случуваа пред средбата. Најверните навивачи на Црвена ѕвезда, популарните Делии влегоа во конфликт со полицијата, па имаше голем неред.

Ситуацијата пред стадионот делуваше хаотична, а засега не се знае која е причината за овој инцидент.

Драматичен беше извештајот на Спорт клуб, чија репортерка била во близина на инцидентот.

„Крвави има на сите страни. Пукаат со топовски удари. Делиите скандираа: Го тепате народот за ситни пари, ги штитите крадците“.

За среќа, засега нема најава за некој потешко повреден.

- Оглас -

Најнови вести