Кошаркарската репрезентација на Литванија се соочува со голем проблеми во пресрет на втората фаза од Евробаскетот откако на натпреварот против Финска повреда заработи првиот плејмејкер во составот, Рокас Јокубаитис.
Не е познато колку ќе треба да отсуствува одличниот кошаркар околу кого се вртат многу работи во играта на Литванија.
Јокубаитис имаше лош доскок во последната четвртина, по која се пожали на посериозна повреда на коленото. Тој мораше предвреме да го напушти паркетот.