Првиот голман на македонската ракометна репрезентација и капитен на нашиот национален тим, Никола Митревски, нема да биде во составот за дуелот против Швајцарија. На помалку од еден час до почетокот на дуелот беше соопштено дека Митревски е повреден.
Се работи за напукнат бутен мускул, квадрицепс на две места, повреда која била констатирана по вчерашните лекарски прегледи.