Голем хендикеп за Наполи: Осимен ќе го пропушти и Африканскиот куп на нациите

Повредата на Виктор Осимен е многу посериозна од тоа што се мислеше првично.

Напаѓачот на Наполи ќе мора да одмора во наредните четири месеци поради повредата на лицето по еден дуел на мечот со Интер.

Тој во 51-вата минута се удри глава со глава со Милан Шкрињар, по што со видно отечено лице го напушти теренот.

Според последните информации, тој има кршење на јаболчната и орбитарната коска на неколку места и со тоа ќе ги пропушти сите натпревари на Наполи до крајот на оваа година, воедно и Африканскиот куп на нациите, кој се игра во јануари и февруари на почетокот на наредната година.

- Оглас -

Најнови вести