Голем хендикеп за ПСЖ, против Барселона во ЛШ не им игра еден од главните адути

Анхел ди Марија нема да игра за Пари Сен Жермен против Барселона на првиот осминафинален дуел во Лигата на шампионите на 16 февруари на „Камп ноу“.

Еден од клучните играчи на францускиот првак и лански финалист во Лигата на шампионите се повреди на дуелот против Марсеј пред два дена и нема да може да настапи против шпанскиот претставник.

Веста ја потврди и тренерот на Пари Сен Жермен, Маурисио Покетино, а отсуството на искусното и многу квалитетно крило на тимот ќе биде голем хендикеп на првиот меч против Барселона.

Ди Марија ја игра шестата сезона во клубот од Париз, кој најави поход на титулата европски првак што му е цел во последните пет-шест сезони.

Во таборот на ПСЖ се надеваат дека Аргентинецот ќе биде подготвен за реваншот против Каталонците што ќе се игра на 10 март во Париз.

 

- Оглас -

Најнови вести