Фудбалерите на Наполи направија голем кикс на патот кон одбраната на титулата во Серија А, откако загубија со 1-0 на гостувањето кај Торино.
Минималната победа за домашните ја донесе Џовани Симеоне со голот во 32-рата минута, кога буквално ја измеша одбраната на Наполи и погоди во мрежата на Ди Лоренцо.
Елиф Елмас беше уфрлен во игра во 82-рата минута и одигра десеттина минути против поранешниот клуб, а се закани само еднаш, но неговиот удар заврши надвор од рамките на противничкиот гол.
Наполи останува на делбата на првата позиција со Рома, со ист број на бодови, по 15, но „волчицата“ има натпревар помалку.
Во 94-тата минута Ноа Ланг постигна гол за израмнување, но ВАР го поништи погодокот поради недозволена офсајд позиција.